Преспанет

Преспанет е мрежа на невладини организации за зачувување на природата застапувана од три земји кои го споделуваат сливното подрачје на Преспа, а официјално формирана на 29 март 2013 година. Мрежата произлегува од заедничките заложби на Македонското еколошко друштво, Друштвото за заштита на Преспа во Грција (SPP) и Друштвото за заштита и зачувување на природните вредности на Албанија (PPNEA), организации што засебно, но и здружено веќе две децении работат на зачувување на подрачјето. Низ заеднички заложби, Преспанет се залага да одговори на низата конзервациски потреби низ целата територија на ова посебно подрачје. 

Од 2018 година, МЕД работи на прекуграничниот проект „Прекугранична заштита на регионот Преспа преку заеднички партнерски акции на Преспанет” финансиран од PONT и Aage V. Jensen. Овој проект се надоградува на дотогашните активности на друштвото, но овојпат се стреми сè да е во целосна координација со партнерите на Преспанет за да се постигне целокупна заштита на регионот. Тековните проектни активности се спроведуваат во рамки на следните компоненти: