Нови евлови шуми за Езерани

Преку интензивна работа последниве неколку години дознавме каде се наоѓаат евловите шуми во Преспа, кои се заканите со кои се соочуваат и беше изработена физибилити студија преку која ги идентификувавме парцелите во ПП „Езерани“ кои се најпогодни за реставрација на ова приоритетно живеалиште за цела Европа.

На крајот од 2020та спроведовме и пилот активност преку која неколку млади евли со локално потекло пуштија корења во претходно избрана парцела и се сега на пат кон воспоставување на нова шума во заштитеното подрачје!

Во 2021ва, со почеток на „Проект Преспа“, одиме чекор понатаму каде нашата подрачна канцеларија во Ресен започна соработка со расадникот Асамати на подрачното шумско стопанство Преспа на ЈП Национални Шуми. Сериозната реставрација бара и сериозни капацитети кои ги најдовме преку оваа нова соработка. ПШС Преспа успешно подигнаа млади евли од локално семе собрано од тимот на МЕД, со цел зачувување на локалниот генетски диверзитет. Евлите се во одлична состојба и ќе бидат згрижени од страна на ПШС Преспа и МЕД сѐ до моментот на нивно засадување во ПП „Езерани“ зимата која следи.

Новите евлови шуми создаваат живеалишта за голем дел од преспанскиот биодиверзитетот а со тоа и за голем дел од жителите на влажните живеалишта долж крајбрежјето на езерото. Влажните живеалишта околу езерото се и неговите природни бубрези и дополнително помагаат да се одржуваат резервите со подземни води кои пак штитат од нагли промени во водостојот на кои сме сведоци во последните неколку децении. Се надеваме дека од година во година ќе можеме значително да ги зголемиме површините под ова приоритетно живеалишта низ Преспа користејќи локално семе, а со тоа ќе помогнеме во нејзиното зачувување преку локални решенија!

Активностите се дел од проектите „Прекугранична заштита на регионот Преспа преку заеднички партнерски акции на ПреспаНет“ (2018-2021) и „Проект Преспа“ (2021-2024) спроведени во Македонија од страна на МЕД преку ПреспаНет мрежата и финансирани од PONT и Aage V. Jensen

Споделете:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on pinterest
Pinterest
Share on linkedin
LinkedIn

ПОВЕЌЕ НОВОСТИ

Оглас за вработување

Повик за проектен асистент во областа на проучување и заштита на животната средина Здравата животна

Македонското еколошко друштво (МЕД) е здружение на граѓани, активно во областа на екологијата и заштитата на животната средина.