Оглас за вработување

Повик за проектен асистент во областа на проучување и заштита на животната средина

Здравата животна средина сѐ почесто се препознава како приоритет за одржување на квалитетот на човечкиот живот. Македонско еколошко друштво работи на зачувување на средината најчесто преку нејзино детално запознавање, особено на биолошките вредности. Подрачната канцеларија во Ресен, посветена исклучиво на прекуграничниот преспански регион, има потреба од асистент кој ќе помага во повеќе различни проектни активности со целосно работно време и нето плата од 26 000,00 денари.

Поконкретно, од асистентот ќе се очекува да преземе голем дел од активностите за комуникација со јавноста и финансискиот менаџмент на проектите на подрачната канцеларија. Комуникацијата на повеќе нивоа ќе биде интегрален дел од работата. Имено, асистентот редовно ќе комуницира со луѓе од најразлични сфери (истражувачи, административни работници, ренџери, земјоделци, итн.); сите случувања ќе треба да бидат координирани со колегите од канцеларијата во Ресен, со релевантните колеги од централната канцеларија на МЕД во Скопје, но и со прекуграничните партнери на МЕД во Грција и Албанија. Секојдневните активности на асистентот ќе бидат: (i) комуникација со локалните чинители и прекуграничните партнери, (ii) одржување и ажурирање на веб платформата и социјалните медиуми, (iii) детално следење на прогресот на проектните активност и навремено известување до координаторите, (iv) помош во управување со финансиите на проектите.

Теренската работа е голем дел од работата на МЕД, но освен евентуалното документирање на теренските активностите, таа нема да биде значаен дел од активностите на асистентот.

Неопходни квалификации:

  1. Да е од охридско-преспанскиот регион, или најмалку од поширокиот југозападен регион на државата;
  2. Завршено високо образование;
  3. Солидна компјутерска писменост (Microsoft Office). Дополнителни познавања (на пр. WordPress, Adobe Photoshop) ќе се сметаат за голема предност; кандидатите ќе бидат тестирани за познавање на Microsoft Excel;
  4. Развиени комуникациски вештини;
  5. Активно користење на англиски јазик, за што кандидатите ќе бидат тестирани;
  6. Познавање на грчки или албански јазик ќе се смета за предност.

Доколку сте заинтересирани пратете го вашето резиме на contact@mes.org.mk најдоцна до 14.11.2021