Еколошка едукација и локално присуство

МЕД одамна верува дека јавната свест за локалниот биодиверзитет и неговата заштита може да се подигне само преку постојано присуство во регионот. Со таа цел, Друштвото спроведува активности во Преспа уште од осумдесетите години на минатиот век, но со финансиска помош од PONT оваа цел е конечно крунисана со подрачна канцеларија (ул. Гоце Делчев, Ресен) која беше отворена во јули 2018 година.

Тука сме за да ги поддржиме сите граѓански иницијативи посветени на заштитата и проучувањето на локалниот биодиверзитет, како логистички, така и со стручноста на нашите експерти стекната низ континуирана вклученост во проекти во последните неколку децении. Ефикасното собирање истражувачки податоци во голема мера зависи од вклученоста на граѓаните. Оттука, МЕД е посебно посветено на подигање на јавната свест, особено преку еколошка едукација на младите. Ова е инвестиција во идните активни чинители во преспанскиот регион, кои понатаму ќе носат одлуки имајќи ја на ум животната средина и сложените односи помеѓу нејзините членови. Тука човекот има еднаква, но многу поодговорна улога.

Во соработка со Општина Ресен и вработените од заштитените подрачја во регионот, целиме кон оформување активна група љубители на природата кои ќе ја зграпчат секоја прилика да соберат и споделат биолошки и еколошки податоци, и навремено да ги пријават конзервациските закани. Ваквата група е чекорот што недостасува кон создавање еколошки притисок за рушење на општествената и институционалната пасивност.

Подрачната канцеларија ни е сега своевиден „контролен центар“ на сите наши активности во Преспа, па доколку сакате да се информирате дополнително или приклучите, контактирајте нè и/или посетете нè.

НОВОСТИ

„Типови на живеалишта“

Тоа се местата или „хабитатите“ кои живиот свет на Земјата би ги нарекол свој дом, и заедно ја сочинуваат биолошката разновидност на нашата планета. Прочитајте…
Read More

Ден на биодиверзитетот 22.05.2020

Придржувајќи се до сите мерки за справување со пандемијата МЕД вложи огромен труд за да го одбележи овогодинешниот ден на биодиверзитетот. Заедно со нашите партнери…
Read More

Што правевме во 2019?

Реставрација на влажните станишта По мапирањето на сите крајбрежни живеалишта долж брегот на езерото и составување на мерки за менаџмент предложени до Општина Ресен, МЕД…
Read More

Едукативен камп за истражување на биолошката разновидност на НП „Пелистер“

Oд осми до 13ти јули, МЕД во ко-организација со Истражувачкото друштво на студенти биолози и ПреспаНет донесе студенти-волонтери од трите држави низ кои се простира преспанскиот…
Read More