Влажни живеалишта

Крајбрежјето на Преспанското Езеро игра огромна улога во одржувањето на целото езеро. Често се вели дека блатата се бубрезите на нашата планета, па така појасот на трска и влажни ливади околу езерото се бубрезите на Преспанското Езеро, односно се одговорни за ублажување на неговата еутрофикација*.

Имајќи го предвид огромното значење на влажните живеалишта, МЕД во 2018та за првпат изврши нивно детално картирање по езерското крајбрежје во Македонија. Ова е појдовна точка за препознавање на приоритетните живеалишта**, екстремно ретките растителни заедници, одредување на приоритети за следни истражувања, и одредување на степенот на загрозеност. Така, според картата на хабитати рипарискиот појас со приоритетното живеалиште евлови шуми заедно со влажните ливади беа идентификувани како приоритет за реставрација, односно менаџмент. Во 2020та се спроведоа пилот конзервациски активности на овие живеалишта во рамките на Паркот на природата „Езерани“.

* Еутрофикација претставува зголемувањето на количеството на хранливи материи во езерото. Хранливите материи се вливаат природно преку наноси донесени од копното, како и со распаѓање на мртва материја. Разградувањето на хранливите материи го троши кислородот во водата, па така при нивно дополнително вештачко додавање (ѓубрива, отпад, пестициди, итн.) може да се појават аноксични (безкислородни) услови во делови од езерето, кои пак предизвикуваат масовен помор на рибите и останатите организми зависни од кислород. Севкупно земено, овој процес драстично го забрзува стареењето на езерото, односно неговото оплитнување со таложење на додадените материи.

* *Живеалишта на кои им се заканува исчезнување, а чие распространување е во границите на Европската Унија

НОВОСТИ

„Типови на живеалишта“

Тоа се местата или „хабитатите“ кои живиот свет на Земјата би ги нарекол свој дом, и заедно ја сочинуваат биолошката разновидност на нашата планета. Прочитајте…
Read More

Истражување и управување со влажни ливади

Согласно сите утврдени значајности, уште од почетокот на 2019-та година, тим експерти на МЕД отпочна со пилот активности за управување на влажните ливади околу Преспанското Езеро. Најпрвин, беше…
Read More

Ден на биодиверзитетот 22.05.2020

Придржувајќи се до сите мерки за справување со пандемијата МЕД вложи огромен труд за да го одбележи овогодинешниот ден на биодиверзитетот. Заедно со нашите партнери…
Read More