
Влажните ливади претставуваат тревести живеалишта кои повремено (сезонски) се поплавени со вода. За разлика од нив, блатата или мочуриштата се постојано поплавени со вода. Во рамки на нашите активности беа идентификувани влажните ливади долж целото преспанско крајбрежје. Влажните ливади во Преспа се значајни за зачувување заради нивната улога во одржување на квалитетот на водите во Езерото, заради одржување на биолошката разновидност во регионот, социо-економското значење за локалното население (особено развој и одржување на сточарството), како и клутуролошките вредности.
Идентификувани закани за загуба на овој тип на живеалишта се:
- Климатски промени (слаби годишни врнежи)
- Природна сукцесија (обраснување на ливадите со грмушести и дрвенести видови)
- Намалување на сточниот фонд во регионот (со што се намалува потребата од косење на ливадите а со тоа промовирање на природната сукцесија)
- Интензивирање на антропогени активности (отварање на нови плантажи со јаболка и други земјоделски површини)
НОВОСТИ
„Типови на живеалишта“
Тоа се местата или „хабитатите“ кои живиот свет на Земјата би ги нарекол свој дом, и заедно ја сочинуваат биолошката разновидност на нашата планета. Прочитајте…
Истражување и управување со влажни ливади
Согласно сите утврдени значајности, уште од почетокот на 2019-та година, тим експерти на МЕД отпочна со пилот активности за управување на влажните ливади околу Преспанското Езеро. Најпрвин, беше…
Ден на биодиверзитетот 22.05.2020
Придржувајќи се до сите мерки за справување со пандемијата МЕД вложи огромен труд за да го одбележи овогодинешниот ден на биодиверзитетот. Заедно со нашите партнери…
Првата прекугранична карта на крајбрежни хабитати во Преспа
Во 2018та МЕД со помош на бројни експерти ги картираше Македонските крајбрежни хабитати на Преспанското Езеро. Во текот на 2019та PPNEA го изработи истото на…