Рипариски појаси

Рипарските појаси се подрачја/области и површини кои се во непосредна близина на водни текови без оглед дали се потоци, реки или езера каде се случува периодично или повремено поплавување. Овие шумски заедници заедно со водниот тек, покрај кој се развиваат, се суштински дел од структурата и функционирањето на крајбрежните/крајречни области. Рипариските појаси го опфаќаат не само активнотокорито на водното тело (поток, река или езеро), туку и изложените области во близина на специфичните „водни тела“, како и поплавните површини кои се наоѓаат над и во непосредна близина од крајбрежјето на водата. Истите се карактеризираат со присуство на специфични видови флора и фауна, чија структуразависи од природните хидролошки режими кои го отсликуваат одредениот предел. 

Овие шумски екосистеми се важни бидејќи обезбедуваат висока продуктивност на биомаса, поддржуваат живот на бројни видови (висока биолошка разновидност) и низа еколошки услуги, вклучително и контрола на поплавувањето и ерозија на земјиштето, отстранување на нутриентите од истекувањето на препаратите кои се користат во земјоделството, ублажување на ефектите од загадување ,а служат и како живеалишта и прибежишта за птици и цицачи.

Засегнатост на рипариските шуми од човечките активности (посегнување на земјоделските површини кон природните живеалишта од евлови шуми)

Во отсуство на човечки активности и нарушувања, пред се заради пренамена на земјиштето, заедниците со рипариска вегетација поддржуваат бројни функции, вклучително стабилизирање на брегот преку зацврстување на почвата со кореновиот систем, наталожување на седиментен талог на поплавените подрачја за време на периоди на прекумерен проток, проток низ седиментниот талог и огромно снабдување со дрвесина што има значително влијание врз комплексноста на каналот и одлики на живеалиштата во тек.

Алувијални шуми со евла

Шумите во регионот на Преспанското Езеро се добро застапени во однос на нивната покриеност – 91E0 * Алувијалните шуми со евла зафаќаат околу 130 хектари (0,65% од вкупната истражена област), додека состоините од врба или галериите 92A0 Salix alba – зафаќаат 491 хектари (2,47% од вкупната истражена област). Сепак, тие не се дистрибуирани во еден континуиран шумски појас, туку во многу голем број различни шумски петна, што укажува на нивното неодамнешно потекло (главно по повлекувањето на езерскиот брег на крајот на минатиот век). За жал, шумите со возрасни и стари дрвја (во близина на селото Езерани) биле скоро целосно уништен. Поврзувањето на шумските состоини преку континуирана природна сукцесија ќе резултира со воспоставување поголеми шумски состоини кои ќе се одликуваат со поголема еколошка вредност (особено како живеалиште на дивиот свет).

Постарите евлови дрвја во Преспа се развиваат и растат на алувијални и песочни почви покрај езерото и главно се претставени со остатоци од поранешни стари евлови шуми. Околу 42% од вкупното присуство на шума од евла (130 ha) е регистрирано во границите на Паркот на природата „Езерани“, што е еднакво на 54,52 ha, со постоење/присуство на 88 помали или поголеми шумски состоини.

НОВОСТИ

„Типови на живеалишта“

Тоа се местата или „хабитатите“ кои живиот свет на Земјата би ги нарекол свој дом, и заедно ја сочинуваат биолошката разновидност на нашата планета. Прочитајте…
Read More

Ден на биодиверзитетот 22.05.2020

Придржувајќи се до сите мерки за справување со пандемијата МЕД вложи огромен труд за да го одбележи овогодинешниот ден на биодиверзитетот. Заедно со нашите партнери…
Read More