Одбележуваме 10 години Преспа Нет
На овој ден прославуваме 10 години заедничка работа, посветеност и успеси во заштитата на нашиот заеднички екосистем, „Прекуграничниот Преспа Парк“. На 29 март 2013, заедно со Society for the Protection of Prespa (SPP) и Protection and Preservation of Natural Environment in Albania ја основавме мрежата ПреспаНет со заедничка визија да ги зачуваме културните и природните вредности на преспанскиот регион.

Бескрајно сме им благодарни на сите колеги и пријатели кои беа покрај нас досега и кои продолжуваат да ја поддржуваат работата на ПреспаНет.
Особена благодарност сакаме да изразиме до нашите локални партнери, до сите волонтери и до локалните заедници без чија поддршка нашите активности ќе имаа многу поограничен ефект.

Возбудени сме денес да прославиме заедно со вас и да ги споделиме вашите #ПреспаНет приказни и сеќавања!
