Македонското еколошко друштво организираше работилница за ревизија на „Акцискиот план за лилјаци во Преспа“, која се одржа на 7 и 8 мај во Хотел Шатор во Битола.
Работилницата започна со презентација на Марина Радоњиќ од Црна Гора, која понуди детален увид во процесот на ревизија на Акцискиот план за следните пет години. Потоа следуваа сесии во кои учесниците дискутираа и предлагаа активности поврзани со истражувањето, следењето, заштитата и подигнувањето на јавната свест за живеалиштата и колониите на лилјаци во прекуграничниот регион Преспа.
На настанот, покрај членови на Македонското еколошко друштво учествуваа и претставници на НП Галичица и НП Пелистер и на партнерските организации PPNEA од Албанија и SPP од Грција.
Активностите се дел од „Проект Преспа – зачувување на биолошката разновидност на прекугранична Преспа“, поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT) и Фондацијата Aage V. Jensen.





