Имавме одличната соработка со наставниците од основните училишта, каде учевме за климатските промени, штедење на енергија и одржливост, како и за исклучителното значењето на реките и потоците, и за растенијата и животните. Задоволството од овие активности беше обострано. Навистина уживавме во секој споделен момент, а љубопитните детски очиња и детските насмевки ги имаше во изобилство. Со овој ентузијазам, продолжуваме и понатаму активно да работиме на зачувување и унапредување на животната средина и во иднина планираме да ја прошириме соработката со останатите основни училишта од преспанскиот регион. Активностите беа спроведени во рамките на „Преспа Проект“ поддржан од фондациите “ПОНТ и ЈЕНСЕН” и од “Еуронатур”.