contact@mes-prespa.org

PRESPANET

Македонското еколошко друштво (МЕД) игра клучна улога во унапредувањето на заштитата на животната средина во прекуграничниот Преспански Регион — уникатна и еколошки значајна област што ја делат Северна Македонија, Албанија и Грција. Во 2013 година, по години неформална соработка, МЕД заедно со Society for the Protection of Prespa (SPP) од Грција и Protection and Preservation of the Natural Environment in Albania (PPNEA) од Албанија ја формираа мрежата PrespaNet (ПреспаНет) — прекугранична мрежа на еколошки невладини организации со цел координирано дејствување за заштита на природното наследство во Преспанскиот Регион.

Преку ПреспаНет, активно ја промовираме идејата дека одржливата заштита на природата мора да ги надмине националните граници, во согласност со природната поврзаност и екосистемската целина на Преспанското сливно подрачје.

Еден од најзначајните успеси на мрежата е изработката на Прекуграничната стратешка рамка за заштита на Преспа (Transboundary Strategic Framework, достапна ТУКА). Документот е развиен во соработка со повеќе меѓународни партнери и ги дефинира приоритетите и неопходните активности за зачувување на биодиверзитетот во регионот. МЕД имаше значајна улога во обезбедувањето на релевантни податоци и експертиза од терен, особено во однос на македонскиот дел на Преспа.

Во периодот од 2018 до 2021 година, МЕД имаше водечка улога во реализацијата на проектот “Strengthening NGO-led Conservation in the Transboundary Prespa Basin”, поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT), Aage V. Jensen Charity Foundation и EuroNatur. Во рамки на проектот, МЕД го прошири своето делување и отвори локална канцеларија во Преспа, што претставуваше важен чекор за продлабочување на соработката со локалната заедница и сите вклучени чинители. Притоа, МЕД учествуваше во реализацијата на неколку клучни активности, вклучувајќи детално мапирање на крајбрежните живеалишта околу Преспанското Езеро, мониторинг на крупни ѕверови и реализација на програми за еколошка едукација со ученици и студенти.

Во периодот од 2021 до 2024 година беше реализиран проектот “Biodiversity Conservation in Transboundary Prespa”, поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT), Aage V. Jensen Charity Foundation и EuroNatur. Проектот беше структуиран во пет меѓусебно поврзани програми што ги адресираат клучните приоритети на Прекуграничната стратешка рамка за заштита на Преспа, со цел зајакнување на еколошката отпорност и прекуграничната соработка. Активностите се фокусираа на справување со влијанијата од климатските промени врз влажните живеалишта и биодиверзитетот, вклучување на локалното население преку едукација и граѓанска наука, заштита на приоритетни видови како крупните ѕверови и лилјаците, како и обнова на критично загрозени слатководни островски екосистеми, со истовремено градење капацитети во заштитените подрачја во Северна Македонија и Албанија.

Надоврзувајќи се на претходните два проекти, во периодот од 2024 до 2027 година веќе активно се спроведува проектот “PrespaNet Project III: Biodiversity Conservation in Transboundary Prespa”, поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT), Aage V. Jensen Charity Foundation и EuroNatur. Истиот се состои од четири главни стратегии со цел унапредување на прекуграничната заштита на природата во Преспанскиот басен. 

Првата стратегија „Зачувување на водните и влажните живеалишта “ се фокусира на итните последици од климатските промени врз влажните живеалишта и водните птици, преку подобрување на научното разбирање, усогласување на заштитните напори и поттикнување информирани, прекугранични активности. Втората стратегија „Консолидирање на заштитните интереси во Преспа“ ја зајакнува соработката со управителите на заштитените подрачја, гради локални капацитети преку мониторинг на биодиверзитетот и ги поддржува младите конзерватори преку теренски лаборатории, летни школи и едукативни програми за млади. Третата стратегија е посветена на „Справување со приоритетни закани“, односно кон горливи предизвици како случаи на неодржлив енергетски развој и загрозување на дивиот свет, преку пристап заснован на просторни политики и меѓусекторска соработка. Четвртата стратегија а насочена кон „Зајакнување на локалниот ангажман“, унапредувајќи го учеството на локалната заедница, работата на локалната канцеларија и обезбедува заедничко прекугранично управување и комуникација.

Преку ПреспаНет, Македонското еколошко друштво продолжува да промовира модел на заштита на природата кој се базира на наука, локално искуство и прекугранична соработка — создавајќи основа за долгорочна еколошка заштита во еден од највредните природни региони на Балканот.

Share this page

test

Заштитени подрачја

View all
Заврши косењето на влажните ливади во Преспа

Заврши косењето на влажните ливади во Преспа

Започна косењето на влажните ливади во Преспа

Започна косењето на влажните ливади во Преспа

Косењето на влажните ливади во Преспа веќе седма година по ред го реализираме во партнерство со Општина Ресен, Паркот на …

Последиците од пожарот во Преспа – Изгорена скоро половина од копнената површина на Паркот на природата „Езерани“

Последиците од пожарот во Преспа – Изгорена скоро половина од копнената површина на Паркот на природата „Езерани“

Во текот на месец јули, во неколку наврати избувнуваа пожари во близи на Паркот на природа „Езерани“.

Со предавање на сеното завршија овогодишните активности за косење на влажните ливади во Преспа

Со предавање на сеното завршија овогодишните активности за косење на влажните ливади во Преспа

Македонско еколошко друштво веќе шеста година по ред го координираше косењето на влажните ливади во Преспа - активност што се …

Косење на влажните ливади во Преспа 2025

Косење на влажните ливади во Преспа 2025

Веќе шеста година по ред, Македонско еколошко друштво го координира косењето на влажните ливади во Преспа - активност што се …