contact@mes-prespa.org
Архива

Ги обновуваме евловите шуми во преспа

Алексеј Ановски
Author
March 30, 2023
Updated Jan 31, 2025
1 min read
Ги обновуваме евловите шуми во преспа
Article Summary

Почетна Ги обновуваме евловите шуми во Преспа 1300 нови садници од евла за обнова на шумите во Преспа.Продолжуваме да ги обновуваме шумите во Преспа и оваа година повторно засадивме нови садници од евли (Alnus glutinosa) заедно со претставници на Општината Ресен, ренџерите на заштитеното подрачје „Езерани“, ЈП Национални шуми и расадникот „Преспа Дрво“ од Асамати.

Ги обновуваме евловите шуми во Преспа

1300 нови садници од евла за обнова на шумите во Преспа.

Продолжуваме да ги обновуваме шумите во Преспа и оваа година повторно засадивме нови садници од евли (Alnus glutinosa) заедно со претставници на Општината Ресен, ренџерите на заштитеното подрачје „Езерани“, ЈП Национални шуми и расадникот „Преспа Дрво“ од Асамати. Садниците од евла се успешен проект на наша соработка со расадникот во Асамати, благодарение на која лани посадивме 1500 едногодишни садници а годинава 1300. Производството на евлови садници и обнова на шумски живеалишта со овој автохтон вид, е пионерска активност на национално ниво, но и во поширокиот преспански регион на прекугранично ниво. Садењето на евли е дел од процесот на реставрирање на влажни живеалишта и е решение кое е целосно базирано на природа.

Овие активности се дел од нашиот проект „Зачувување на биолошката разновидност во прекугранична Преспа“ поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, и Jensen а наскоро ќе се повторат и во грчкиот и албанскиот дел на Преспа. Евловите шуми, кои се уништени во голема мера, претставувале хабитат за многу значајни диви видови и ја поддржувале функционалноста на екосистемот. Нивното обновување на сите три страни значи и обнова на еколошките коридори кои ги користат дивите видови на Преспа.

Gallery