contact@mes-prespa.org
Архива

Првата прекугранична карта на крајбрежни хабитати во Преспа

Алексеј Ановски
Author
March 27, 2020
Updated Nov 03, 2020
1 min read
Првата прекугранична карта на крајбрежни хабитати во Преспа
Article Summary

Во 2018та МЕД со помош на бројни експерти ги картираше Македонските крајбрежни хабитати на Преспанското Езеро.

Во 2018та МЕД со помош на бројни експерти ги картираше Македонските крајбрежни хабитати на Преспанското Езеро. Во текот на 2019та PPNEA го изработи истото на Албанската страна од крајбрежјето, со што се создадоа услови да се изработи првата целокупна прекугранична карта на живеалиштата долж Преспанското крајбрежје.

Во моментот се ажурира и хабитатната карта долж Грчкото крајбрежје од езерото. Со помош на комбинираната хабитатна карта, владите на трите држави и сите други еколошки чинители ќе можат подобро да се координираат и да ја зголемат ефективноста на нивните реставрациски и останати конзервациски мерки.