contact@mes-prespa.org
Архива

Со предавање на сеното завршија овогодишните активности за косење на влажните ливади во Преспа

Алексеј Ановски
Author
June 26, 2025
Updated Jun 26, 2025
1 min read
Со предавање на сеното завршија овогодишните активности за косење на влажните ливади во Преспа
Article Summary

Македонско еколошко друштво веќе шеста година по ред го координираше косењето на влажните ливади во Преспа - активност што се реализира во соработка со Општина Ресен, Паркот на природата „Езерани“, Националниот парк „Галичица“, локални сточари и земјоделци.Оваа година беа покосени околу 18 хектари на ливади и собрани околу 70 тони на сено, кое потоа беше предадено на десетина локални сточари и на Националниот парк „Галичица“ во нивниот репроцентар за европскиот елен.Заштитата и управувањето со влажните ливади во Преспа, базирано на научни податоци, истражувања и успешни практики спроведени во други региони од Европа и Светот, е важно за одржување на биолошката разновидност и унапредување на екосистемските услуги во регионот, за поттикнување на одржливи практики за развој на локалното сточарство, како и за превенцијата на пожари на северното езерско крајбрежје.

Македонско еколошко друштво веќе шеста година по ред го координираше косењето на влажните ливади во Преспа - активност што се реализира во соработка со Општина Ресен, Паркот на природата „Езерани“, Националниот парк „Галичица“, локални сточари и земјоделци.

Оваа година беа покосени околу 18 хектари на ливади и собрани околу 70 тони на сено, кое потоа беше предадено на десетина локални сточари и на Националниот парк „Галичица“ во нивниот репроцентар за европскиот елен.

Заштитата и управувањето со влажните ливади во Преспа, базирано на научни податоци, истражувања и успешни практики спроведени во други региони од Европа и Светот, е важно за одржување на биолошката разновидност и унапредување на екосистемските услуги во регионот, за поттикнување на одржливи практики за развој на локалното сточарство, како и за превенцијата на пожари на северното езерско крајбрежје.

Активноста беше реализирана во рамки на проектот „Проект ПреспаНЕТ III – зачувување на биолошката разновидност на прекугранична Преспа“, поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT), Фондацијата Aage V. Jensen и EuroNatur.

Gallery