contact@mes-prespa.org
Архива

Среднозимско пребројување на водни птици 2020

Алексеј Ановски
Author
January 13, 2020
Updated Nov 03, 2020
1 min read
Среднозимско пребројување на водни птици 2020
Article Summary

Десет години по ред, за време на викендот на 11 и 12 јануари 2020 г., вработени и волонтери од МЕД спроведоа броење на птици на трите природни езера во Македонија, вклучувајќи ги околните акумулации и водните станишта.

Десет години по ред, за време на викендот на 11 и 12 јануари 2020 г., вработени и волонтери од МЕД спроведоа броење на птици на трите природни езера во Македонија, вклучувајќи ги околните акумулации и водните станишта. И покрај остриот студ, ентузијазмот на тимовите кои го спроведоа Зимскиот цензус на водни птици во Македонија го преточија во пријатен потфат во којшто беа избројани вкупно околу 25.000 птици на Охридското и Преспанското Езеро, односно, околу 4.000 птици во Дојранското Езеро. Малата бројност на птици избројани на овие локации можно е да е резултат на прилично топлите зимски временски услови, во споредба со претходните години. Иако бројката на забележаните птици е прилично мала, беа забележани чести видови птици кои презимуваат на овие водни тела. Прочитајте повеќе за овој координиран прекуграничен зафат овде.

https://www.youtube.com/watch?v=MgUlVMv46Dc&feature=emb_title

Зимскиот цензус на водни птици е најмасовното и најдолготрајно волонтерско пребројување птици во светот, со традиција уште од 1967 година. Предводен од Меѓународната организација за водни станишта (Wetlands International) и во соработка со бројни локални организации, овој настан стана во клучен извор на информации што се од суштинско значење за креирањето политики поврзани со управувањето и заштитата на водни станишта.