contact@mes-prespa.org
Еколошка едукација

Документарен филм „Едно езеро, три држави, ист проблем: има ли уште време за Преспа?“

Игор Ефтимовски
Игор Ефтимовски
Автор
Јануари 09, 2026
Ажурирано Јан 09, 2026
1 мин читање
Документарен филм „Едно езеро, три држави, ист проблем: има ли уште време за Преспа?“
Резиме на статијата

Македонскиот информативен портал Рацин.мк сними краток документарен филм за состојбата со заштитата на природата и животната средина во прекуграничниот Преспански регион.

Документарниот филм „Едно езеро, три држави, ист проблем: има ли уште време за Преспа?“ се осврнува и на работата на нашата мрежа на еколошки невладини организации „ПреспаНет“, во која Македонското еколошко друштво членува заедно со нашите партнери од Друштвото за заштита на Преспа од Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија. Во филмот се исто така учествуваат нашите пријатели од Националниот парк „Галичица“, Хидробиолошкиот завод од Охрид, како и локални жители од Преспа.

Филмот е достапен за гледање на следниот ЛИНК.