contact@mes-prespa.org
Архива

Едукативна работилница за Светскиот ден на преселните птици

Алексеј Ановски
Автор
Октомври 10, 2025
Ажурирано Окт 10, 2025
2 мин читање
Едукативна работилница за Светскиот ден на преселните птици
Резиме на статијата

Птиците беа во фокусот на нашата нова едукативна работилница, реализирана по повод Светскиот ден на преселни птици со учениците од трето и петто одделение во Основното училиште „Гоце Делчев“ во Ресен.

Птиците беа во фокусот на нашата нова едукативна работилница, реализирана по повод Светскиот ден на преселни птици со учениците од трето и петто одделение во Основното училиште „Гоце Делчев“ во Ресен. Нашите едукатори Меги Дочовска, Драгана Пеликудовска-Трајчевска и орнитологот Славе Накев го претставија фантастичниот и разнолик свет на птиците, а потоа заедно со учениците изработуваа хранилки за птици од секојдневни материјали.

На овој начин, преку интерактивно учење, младите се запознаваат со биолошката улога и значењето на птиците, развиваат еколошка свест, одговорност и грижа кон животната средина, додека практичната изработка на хранилки им ја поттикнува креативноста и тимската работа, истовремено давајќи пример за позитивно влијание врз заедницата и поттикнување на активно учество во заштитата на природата.

Светскиот ден на преселни птици секоја година се одбележува втората сабота во мај и октомври, со цел да се подигне свеста за преселните птици и потребата од нивна заштита. Тие се соочуваат со голем број предизвици, како што се губењето на живеалишта, климатските промени и нелегалниот лов, што сериозно го загрозуваат нивниот опстанок. Овој ден нѐ потсетува дека заштитата на преселните птици е глобална одговорност, бидејќи нивните патишта минуваат низ многу држави и зависат од иницијативите за заштита на природата на меѓународно ниво.

Работилницата се реализираше во рамки на проектот „Преспа – зелена и сина иницијатива: Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, финансиран од Европската Унија (ЕУ) во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“ и кофинансиран преку Фондот за природа „Преспа - Охрид“ (ПОНТ). Партнери во имплементацијата на проектот се Македонско еколошко друштво, Општина Ресен, Националниот парк „Галичица“, Друштвото за заштита на Преспа (SPP) од Република Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (PPNEA) од Република Албанија. Имплементацијата на проектните активности е поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Националниот парк „Пелистер“.

Gallery