Одбележуваме 10 години Преспа Нет
На овој ден прославуваме 10 години заедничка работа, посветеност и успеси во заштитата на нашиот заеднички екосистем, „Прекуграничниот Преспа Парк“. На 29 март 2013, заедно со
Society for the Protection of Prespa (SPP) и
Protection and Preservation of Natural Environment in Albania ја основавме мрежата
ПреспаНет со заедничка визија да ги зачуваме културните и природните вредности на преспанскиот регион.

Од 2018,
Prespa Ohrid Nature Trust - PONT EuroNatur и
@Jensen ја поддржуваат
#ПреспаНет, овозможувајќи ни да развиваме и спроведуваме заеднички научни истражувања и едукативни програми, сè со цел да го заштитиме уникатниот и прекрасен биодиверзитет на Преспа. Една деценија подоцна, ПреспаНет прославува со зголемено локално присуство преку подрачни канцеларии на МЕД во Ресен и на ППНЕА во Долна Горица, по примерот на одамна воспоставената канцеларија на SPP во грчка Преспа.Бескрајно сме им благодарни на сите колеги и пријатели кои беа покрај нас досега и кои продолжуваат да ја поддржуваат работата на ПреспаНет.

Особена благодарност сакаме да изразиме до нашите локални партнери, до сите волонтери и до локалните заедници без чија поддршка нашите активности ќе имаа многу поограничен ефект.Возбудени сме денес да прославиме заедно со вас и да ги споделиме вашите
#ПреспаНет приказни и сеќавања!
@ppnea @spp_prespahttps://www.youtube.com/watch?v=kQYyLHZktec