Денес беше потпишан договор за соработка помеѓу Македонското еколошко друштво, претставувано од извршната директорка м-р Робертина Брајаноска, и Националниот парк „Пелистер“, претставуван од директорот Иванчо Тошевски, со кој се поставува рамка за заедничко дејствување во областа на истражувањето и заштитата на природата, зачувувањето на биолошката разновидност, како и одржливото управување со природните ресурси.
Договорот предвидува размена на експертиза во заедничката реализација на истражувачки и едукативни активности насочени кон заштита, зачувување и промоција на природните вредности на Националниот парк „Пелистер“, со посебен акцент на мониторингот на клучни видови, како и на активното вклучување на локалните заедници под падините на Баба Планина во процесите на заштита и одржливо управување со природното наследство на регионот.
Овој договор ја зајакнува нашата веќе воспоставена и долгогодишна соработка со Националниот парк „Пелистер“, афирмирајќи ја како позитивен пример на партнерство меѓу јавните институции и граѓанскиот сектор во Македонија.