contact@mes-prespa.org

Среќна Нова 2026 година!

Игор Ефтимовски
Игор Ефтимовски
Автор
Декември 31, 2025
Ажурирано Дек 31, 2025
1 мин читање
Среќна Нова 2026 година!

Заеднички ставаме печат на уште еден круг околу сонцето - уште една година исполнета со многу работа, труд и предизвици, но исто така успеси и моменти кои продолжуваат да нѐ мотивираат, водени од една благородна мисија: зачувување на природата.

Им благодариме на сите наши членови, партнери, пријатели, соработници, поддржувачи и драги сограѓани со кои го споделуваме убедувањето дека заштитата на природата и одржливото управување со природните ресурси се неизбежни потреби на човештвото. Тие треба да бидат наши основни приоритети, а сите ние заедно - со силна посветеност и единство - можеме да создадеме подобра иднина за сите живи видови, за нашата планета, за сегашните и идните генерации. 

Ви благодариме за Вашата поддршка и се надеваме дека заедно ќе продолжиме да соработуваме и делуваме за зачувување на природата и биолошката разновидност. 

Среќна и успешна Нова 2026 година!

Ви посакува,
Македонско еколошко друштво

Фото: Долгопашеста сипка (Aegithalos caudatus) 
(автор на фотографија: Мирјана Ѓоргиевска)