contact@mes-prespa.org
Архива

Светски ден на змиите 2025 - Мониторинг на змии-рибарки на Мал Град

Алексеј Ановски
Автор
Јули 16, 2025
Ажурирано Јул 16, 2025
1 мин читање
Светски ден на змиите 2025 - Мониторинг на змии-рибарки на Мал Град
Резиме на статијата

Денес, 16 јули, го одбележуваме Светскиот ден на змиите со цел подигнување на јавната свест за нивната витална улога во екосистемот.

Денес, 16 јули, го одбележуваме Светскиот ден на змиите со цел подигнување на јавната свест за нивната витална улога во екосистемот. Иако средбите со овие влекачи се често проследени со страв и недоразбирање, тие се неопходни за одржување на еколошката рамнотежа и имаат голема важност за луѓето (како што е на пример контролата на популациите на глодари и следствено на тоа - заштита на земјоделските посеви).

Во светот постојат околу 3,600 различни видови на змии, додека пак на територијата на Македонија се среќаваат 16 видови од кои само три се отровни. И покрај нивната разновидност и прилагодливост, многу видови змии се соочуваат со закани од губење на живеалиштата под влијание на антропогени и климатски фактори.

Светскиот ден на змиите е можност да научиме нешто повеќе за овие фасцинантни суштества и да ги поддржиме напорите за нивна заштита. Преку редовни истражувачки кампањи, Македонско еколошко друштво е целосно посветено на истражувањето и заштитата на змиите и нивните живеалишта.

Такви беа и нашите неодамнешни активности за мониторинг на популацијата на змии-рибарки (Natrix tessellata) на островот Мал Град во албанскиот дел на Преспа, спроведени заедно со нашите партнери и соработници од PPNEA и SPP во рамки на прекуграничната мрежа на еколошки организации ПреспаНет, потпомогнати од стручни лица од Биолошкиот факултет во Белград.

Gallery