contact@mes-prespa.org
Архива

Влажни ливади

Алексеј Ановски
Автор
Март 16, 2022
Ажурирано Мај 13, 2025
1 мин читање
Влажни ливади
Резиме на статијата

ВЛАЖНИ ЛИВАДИ Почетна Влажните ливади претставуваат тревести живеалишта кои повремено (сезонски) се поплавени со вода.

ВЛАЖНИ ЛИВАДИ

Влажните ливади претставуваат тревести живеалишта кои повремено (сезонски) се поплавени со вода. За разлика од нив, блатата или мочуриштата се постојано поплавени со вода. Во рамки на нашите активности беа идентификувани влажните ливади долж целото преспанско крајбрежје. Влажните ливади во Преспа се значајни за зачувување заради нивната улога во одржување на квалитетот на водите во Езерото, заради одржување на биолошката разновидност во регионот, социо-економското значење за локалното население (особено развој и одржување на сточарството), како и културолошките вредности.

Идентификувани закани за загуба на овој тип на живеалишта се: 

    • Климатски промени (слаби годишни врнежи); 
    • Природна сукцесија (обраснување на ливадите со грмушести и дрвенести видови); 
    • Намалување на сточниот фонд во регионот (со што се намалува потребата од косење на ливадите а со тоа промовирање на природната сукцесија); 
    • Интензивирање на антропогени активности (отварање на нови плантажи со јаболка и други земјоделски површини).

Gallery