contact@mes-prespa.org
Архива

Заедничка едукативна работилница во НП Галичица во Долно Лакочереј

Алексеј Ановски
Автор
Ноември 21, 2025
Ажурирано Ное 21, 2025
1 мин читање
Заедничка едукативна работилница во НП Галичица во Долно Лакочереј
Резиме на статијата

На 19 ноември реализиравме уште една едукативна работилница, овој пат во соработка со нашите партнери од Националниот парк „Галичица“, спроведена со учениците од шесто одделение при ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид, ПУ с.

На 19 ноември реализиравме уште една едукативна работилница, овој пат во соработка со нашите партнери од Националниот парк „Галичица“, спроведена со учениците од шесто одделение при ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид, ПУ с. Долно Лакочереј.

Заедно со нив ја игравме друштвената игра „Преспа“, преку која учениците се ставаат во улога на млади еколози што ги истражуваат и заштитуваат животните, растенијата и нивните живеалишта во прекуграничниот Преспански регион. На овој интерактивен и забавен начин, тие се стекнуваат со вредно знаење, но исто така добиваат и поттик за истражување и заштита на природата.

Работилницата се реализираше во рамки на проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа - Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, финансиран од Европската Унија (ЕУ) во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“ и кофинансиран преку Фондот за природа „Преспа - Охрид“ (ПОНТ). Партнери во имплементацијата на проектот се Македонско еколошко друштво, Општина Ресен, Националниот парк „Галичица“, Друштвото за заштита на Преспа (SPP) од Република Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (PPNEA) од Република Албанија. Имплементацијата на проектните активности е поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Националниот парк „Пелистер“.

Gallery