Во периодот од 2024 до 2027 година веќе активно се спроведува проектот “PrespaNet Project III: Biodiversity Conservation in Transboundary Prespa”, имплементиран од страна на Македонското еколошко друштво и партнерските организации Society for the Protection of Prespa (SPP) од Грција и Protection and Preservation of the Natural Environment in Albania (PPNEA) од Албанија, а поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT), Aage V. Jensen Charity Foundation и EuroNatur,
Истиот се состои од четири главни стратегии со цел унапредување на прекуграничната заштита на природата во Преспанскиот басен. Првата стратегија „Зачувување на водните и влажните живеалишта“ се фокусира на итните последици од климатските промени врз влажните живеалишта и водните птици, преку подобрување на научното разбирање, усогласување на заштитните напори и поттикнување информирани, прекугранични активности.
Втората стратегија „Консолидирање на заштитните интереси во Преспа“ ја зајакнува соработката со управителите на заштитените подрачја, гради локални капацитети преку мониторинг на биодиверзитетот и ги поддржува младите конзерватори преку теренски лаборатории, летни школи и едукативни програми за млади.
Третата стратегија е посветена на „Справување со приоритетни закани“, односно кон горливи предизвици како случаи на неодржлив енергетски развој и загрозување на дивиот свет, преку пристап заснован на просторни политики и меѓусекторска соработка.
Четвртата стратегија а насочена кон „Зајакнување на локалниот ангажман“, унапредувајќи го учеството на локалната заедница, работата на локалната канцеларија и обезбедува заедничко прекугранично управување и комуникација.