Цицачите и луѓето во Преспа веќе со векови живеат едни покрај други, така што некои се составен дел од нашата култура и околина, како што се верверичките и ежовите, додека пак други, како дивите мачки или срните, се потаинствени. Некои цицачи можат да бидат ловени, додека пак други се заштитени поради нивната реткост и значајност.
Комплицираниот однос со крупните ѕверови како што се мечките и волците се должи на привремените конфликти на човекот со овие животни, но и тие може да бидат привлечни за љубителите на природата и туристите кои уживаат во средби со трагите кои ги оставаат овие животни.
Прочитајте повеќе за нашите активности поврзани со истражувањето и заштитата на цицачите во Преспа во публикацијата „Тајниот живот на цицачите од Преспа – проучување и истражување“, достапна за симнување ТУКА.
