Крајбрежјето на Преспанското Езеро игра огромна улога во одржувањето на целото езеро. Често се вели дека блатата се бубрезите на нашата планета, па така појасот на трска и влажни ливади околу езерото се бубрезите на Преспанското Езеро, односно се одговорни за ублажување на неговата еутрофикација.
Имајќи го предвид огромното значење на влажните живеалишта, МЕД во 2018-та за првпат изврши нивно детално картирање по езерското крајбрежје во Македонија.
Ова е појдовна точка за препознавање на приоритетни живеалишта, екстремно ретките растителни заедници, одредување на приоритети за следни истражувања, и одредување на степенот на загрозеност. Така, според картата на хабитати рипарискиот појас со приоритетното живеалиште евлови шуми заедно со влажните ливади беа идентификувани како приоритет за реставрација, односно менаџмент.
Картирање
МЕД во 2018 година за првпат изврши нивно детално картирање по крајбрежјето на Преспанското Езеро во Македонија
Рипариски појаси
Рипарските појаси се површини во непосредна близина на водни текови, кои претставуваат суштински дел од структурата и функционирањето на крајбрежните и крајречните области
Влажни ливади
Влажните ливади претставуваат тревести живеалишта кои повремено (сезонски) се поплавени со вода