Еколошко образование во Преспа

Во текот на изминатиот период активно работевме на зголемување на еколошката свест и едукација на најмладите, во соработка со ОУ “Мите Богоевски” од Ресен. Користевме едукативни пакети, кои беа развиени и разменети како дел од десетгодишната прекугранична соработка на ПреспаНет партнерите и истите имаат за цел да ја стандардизираат еколошката програма за сите деца кои живеат во трите држави од прекуграничниот басен. Имавме одличната соработка со наставниците од основните училишта, каде учевме за климатските промени, штедење на енергија и одржливост, како и за исклучителното значењето на реките и потоците, и за растенијата и животните. Задоволството од овие активности беше обострано. Навистина уживавме во секој споделен момент, а љубопитните детски очиња и детските насмевки ги имаше во изобилство. Со овој ентузијазам, продолжуваме и понатаму активно да работиме на зачувување и унапредување на животната средина и во иднина планираме да ја прошириме соработката со останатите основни училишта од преспанскиот регион.
Активностите беа спроведени во рамките на „Преспа Проект“ поддржан од фондациите “ПОНТ и ЈЕНСЕН” и од “Еуронатур”.

20221222_103245

Споделете:

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

ПОВЕЌЕ НОВОСТИ

Македонското еколошко друштво (МЕД) е здружение на граѓани, активно во областа на екологијата и заштитата на животната средина.