Светски ден на биолошката разновидност 2025

Светскиот ден на биолошката разновидност, кој се одбележува на 22 мај, има за цел да ја истакне важноста на зачувувањето на животната разновидност на планетата како темел за здрави екосистеми и одржлив живот. Овој ден нѐ потсетува дека заштитата на биодиверзитетот е клучна за благосостојбата на луѓето и природата ширум светот. Токму затоа, овогодишното мото е: „Хармонија со природата и одржлив развој.“

 

Со своето исклучително природно богатство, прекуграничниот регион Преспа е жив пример за тоа колку е значајно да ги негуваме овие вредности. На овој ден, со нашите партнерски организации PPNEA од Албанија и SPP од Грција ја повторуваме и потврдуваме нашата заложба кон заштитата на нашата сакана Преспа – место на исклучителна природна убавина и биолошка разновидност, кое заслужува внимание, грижа и одржлив развој за идните генерации.

 

“Преспа е едно од највредните природни и културни богатства во регионот. Со своите древни езера, ретка биолошка разновидност и богата мрежа на традиции, Преспа е место каде што луѓето се стремат да живеат во хармонија со природата. Овој уникатен екосистем поврзува три држави, но уште поважно – ги поврзува луѓето со нивното живо наследство. Затоа, грижата за Преспа не е само еколошка неопходност, туку и морална обврска за сите нас” – истакнува Даниела Заец од преспанската канцеларија на Македонско еколошко друштво.

Споделете:

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

Македонското еколошко друштво (МЕД) е здружение на граѓани, активно во областа на екологијата и заштитата на животната средина.