- Гоце Делчев, Ресен
- contact@mes.org.mk
Од 2010 година МЕД спроведува Среднозимско пребројување на водни птици во Преспа, во рамки на еден од најопсежните и најдолготрајни мониторинг-активности во светот (International Waterbird Census).
Од 2019 година имаме воспоставено шеми за редовно следење на трендот на избрани популации водни птици: голема и мала бела чапја, црвена чапја, мал корморан, бел и кадроглав пеликан, црвеноглав кожувар, цуцулеста патка, црн кожувар, цуцулест нуркач и различни видови трскари.
Добиените податоци првенствено ќе ги збогатат сознанијата за големината на гнездечките популации, а исто така ќе нè информираат и за влијанието на тековните закани.