Вид на вработување: Полно работно време
Локација: Ресен (подрачна канцеларија)
Позиција: Координатор за комуникации
Бараме страстен и искусен координатор за комуникации да се приклучи на нашиот тим и да ни помогне да го рашириме и зголемиме нашето влијание преку ефективни комуникациски стратегии и кампањи.
Клучни одговорности:
- Креирање, управување и ажурирање на содржини за социјални мрежи и нашата веб-страница. Доразвивање на поддомејнот за Преспа (prespa.mes.org.mk).
- Развој и имплементација на комуникациски стратегии на прекугранично ниво за промоција на нашите напори за зачувување на природните вредности на преспанскиот регион.
- Пишување, уредување и објавување на привлечни содржини, вклучувајќи статии, соопштенија за јавност и билтени.
- Модерирање и организирање на настани (фестивали, работилници, јавни консултации и сл.).
- Соработка со локални и меѓународни партнери за обезбедување на конзистентно пренесување на пораки и допир до јавноста.
- Набљудување и анализа на спроведувањето на комуникациските акциски планови и следствено прилагодување на стратегиите.
- Создавање на визуелни и мултимедијални содржини, вклучувајќи графики, видеа и инфографици.
Квалификации:
- Универзитетска диплома или повисоко образование.
- Одлични вештини за пишување и уредување на македонски и англиски јазик. Дополнителни јазици, особено албански и грчки се предност (кандидатите ќе бидат тестирани за познавање на англиски јазик).
- Докажано искуство во управување со социјални мрежи, креирање содржини и одржување на веб-страници (WordPress).
- Солидни компјутерски вештини, вклучувајќи познавање на Microsoft Excel или Libre Office Calc.
- Искуство во работа во софтвер за графички дизајн и уредување на видеа и креирање мултимедијални содржини е предност.
- Силни организациски вештини.
- Ентузијазам за природата и страст за зачувување на биолошката разновидност, како и подготвеност за престој во природата.
- Искуство во организирање и модерација на настани е голема предност.
Што нудиме:
- Основна нето плата од 48 000 месечно, зголемена согласно работното искуство, степенот на образование и обемот на работа.
- Релативно слободна работна динамика – работа во канцеларија, терен и онлајн.
- Можност за работа во прекрасна природна средина и придонес кон значајни напори за зачувување на биодиверзитетот.
- Работна средина базирана на соработка и поддршка.
- Можности за професионален развој.
Како да аплицирате:
Заинтересираните кандидати се поканети до 10.03.2025 да достават на contact@mes.org.mk свое резиме (CV), мотивациско писмо (не подолго од една страница), портфолио со релевантни дела (на пр., кампањи на социјални мрежи, статии или дизајнерски проекти) и контакт од 2-3 референтни лица кои може да бидат контактирани околу претходните работни ангажмани. Ве молиме во насловот да ја наведете темата: „Апликација за Комуникациски офицер (Преспа) – [Вашето име]“.
Придружете ни се за да направиме разлика за природата во Преспа! Со нетрпение ги очекуваме вашите апликации!
За нас:
Македонско еколошко друштво (МЕД) е најстарата граѓанска организација од полето за животната средина во Македонија, активна во заштита на преспанскиот регион уште од 80тите години на минатиот век. Од 2018 МЕД отвори подрачна канцеларија во Ресен за надгледување на активностите во Преспа. Ние сме посветен тим кој работи на истражување и зачувување на биодиверзитетот. Нашата мисија е да го заштитиме и промовираме уникатното природно наследство на областа преку научни истражувања, вклучување на заедницата и прекугранична соработка.
Рок за аплицирање: 10.03.2025
Датум за почеток: 01.04.2025
За дополнителни прашања, контактирајте не на contact@mes.org.mk.