Уште една успешна прекугранична Летна школа во Преспа!

Минатата недела, група млади научници од Грција, Албанија и Македонија имаа можност одблиску да се запознаат со природата на еден од најуникатните прекугранични региони во Европа. Во рамките на прекуграничната Летна школа, организирана од Друштвото за заштита на Преспа (SPP), во соработка со Македонското еколошко друштво и PPNEA како партнерски организации во мрежата ПреспаНет, студентите учествуваа во низа теренски и интерактивни сесии преку кои имаа можност одблиску да се запознаат со екологијата на влажните живеалишта во Преспанскиот регион.

 

Учесниците се запознаат и имаат можност практично да применат методи за следење на популации на риби, водни птици, змии, лилјаци и на влажните живеалишта Преспа, како и со предизвиците во заштитата и управувањето со овие екосистеми во прекуграничен контекст. Освен традиционалните научни методи, акцент беше ставен и на користењето на современите технологии за документирање и мапирање на литоралните живеалишта и видовите што ги населуваат. Истовремено, беше потенцирана и важноста на комуникацијата во нашата работа, преку сесии посветени на тоа како науката може да се пренесе на начин што им овозможува на локалните заедници, засегнатите страни и поединците емоционално да се поврзат и активно да се вклучат во заштитата на природата.

 

Оваа Летна школа им помогна на учесниците да развијат вештини, да ја подигнат својата еколошка свест и да изградат пријателства засновани на заеднички вредности. Голема благодарност до сите предавачи, партнери, локалци и секако до младите научници кои ја внесоа својата енергија, љубопитност и посветеност во Летната школа.

 

Заедно научивме дека заштитата на Преспа се потпира на соработка што ги надминува границите!

Споделете:

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

Македонското еколошко друштво (МЕД) е здружение на граѓани, активно во областа на екологијата и заштитата на животната средина.