По повод Светскиот ден на екологијата и Европската недела на мобилноста, денес Општина Ресен беа домаќини на едукативна работилница која собра повеќе од 150 ученици од сите основни училишта во Преспа!
Настанот започна со инспиративна презентација посветена на значењето на екологијата и одржливите методи на мобилност и транспорт, по што учениците имаа можност да ги покажат своите знаења преку забавен квиз во кој учествуваа по три преставници од секое училиште.
Со оваа активност младите ја покажаа својата свесност за важноста на заштитата на животната средина и одржливиот начин на живеење. Веруваме дека токму преку вакви иницијативи ја градиме иднината на еколошки свесна и одржлива Преспа!
Работилницата се реализираше во рамки на проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа – Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“ и кофинансиран преку Фондот за природа „Преспа – Охрид“ (ПОНТ). Партнери во имплементацијата на проектот се Македонско еколошко друштво, Општина Ресен, Националниот парк „Галичица“, Друштвото за заштита на Преспа (SPP) од Република Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (PPNEA) од Република Албанија. Имплементацијата на проектните активности е поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Националниот парк „Пелистер“.