Едукативна работилница во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Вчера во Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Битола одржавме едукативна работилница со учениците од четврто одделение, на која преку игра и забава учевме за природата на Преспа.

 

 

Учениците со голем интерес и ентузијазам ја играа друштвената игра „Преспа“, создадена со цел да го поттикне нивното знаење и љубопитност за растителните и животинските видови, како и за природните живеалишта во регионот.

 

Преку оваа интерактивна игра, децата имаа можност да се стават во улога на млади еколози, да решаваат предизвици и да откриваат интересни факти за уникатниот биодиверзитет на прекуграничниот Преспански регион.

 

 

 

 

Оваа едукативна активност беше реализирана како дел од „Проект ПреспаНЕТ III – зачувување на биолошката разновидност на прекугранична Преспа“, поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT), Фондацијата Aage V. Jensen и EuroNatur.

Споделете:

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

Македонското еколошко друштво (МЕД) е здружение на граѓани, активно во областа на екологијата и заштитата на животната средина.