Мечките во Преспа не познаваат граници

Партнерите на ПреспаНЕТ спроведоа двегодишна прекугранична студија за генетската состојба на кафеавата мечка во преспанското сливно подрачје. Во есента 2018 и 2019 се организираа теренски акции за да се собере што е можно повеќе свеж генетски материјал од мечки. Примероците беа испратени на анализа на Биотехничкиот факултет на Универзитетот во Љубљана, Словенија.
Резултатите се доста интересни и поучни, и укажуваат на најмалку 51 единка во прекуграничниот преспански регион, од кои 19 женки и 32 мажјаци, што е во рамки на очекуваното. Генетската разновидност на мечките е доста добра, за нијанса посиромашна од популациите во западен Балкан (Босна, Црна Гора, Хрватска и Словенија), но значително повисока во однос на останатите популации низ Европа (пр. Италија и Шпанија). „Префаќањето“ на исти единки повеќе пати овозможи да добиеме увид за нивното просторно однесување, односно докажавме дека мечките се движат и прават големи екскурзии низ цела Преспа (претставено на карта во извештајот). Овој податок силно ја афирмира потребата од поголема прекугранична заштита на целото преспанско сливно подрачје, како и добра соработка помеѓу сите заштитени подрачја. Дополнителен важен исход од нашата соработка со генетичарите од Словенија беа и препораките кои ни ги упатија за како да ги подобриме нашите истражувања во иднина за да добиеме уште поголем процент на успешност на анализите. На следниот линк може да го преземете целосниот извештај каде може да прочитате подетално за сите овие, но и други корисни заклучоци.

Распространување на собраните примероци; линиите поврзуваат примероци од една иста единка

Споделете:

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

ПОВЕЌЕ НОВОСТИ

Македонското еколошко друштво (МЕД) е здружение на граѓани, активно во областа на екологијата и заштитата на животната средина.