Еребицата Александар од Галичица доби ГПС предавател

 

Запознајте го Александар од Галичица, машка единка од видот Alectoris graeca која доби ГПС предавател и како наш „соработник“ во следниот период ќе ни открие повеќе информации за таинствениот живот на овие птици.

 

Мониторингот на птицата Alectoris graeca (кај нас популарно позната како еребица камењарка поради тоа што живее во карпести предели) е дел од планот за управување на Националниот Парк „Галичица“ и се реализира на секои 2 години во соработка со стручни лица од Македонското еколошко друштво (овој пат потпомогнати и од волонтери од Словенија).

 

 

 

За таа цел се поставени 10 трансекти по 2 километри кои теренски ги мониторираме секоја втора година и потоа со помош на статистички модели ја одредуваме популацијата на еребиците камењарки. Долгорочното спроведување на оваа активности ни ги открива популациските трендови кај овој вид, односно промените во нивната бројност и причините за настанување на тие промени.

 

Дополнително, со цел да добиеме повеќе информации за однесувањето на еребиците камењарки и за тоа како го користат своето живеалиште, го применуваме методот на ГПС телеметрија. Поставувањето на ГПС предаватели на еребиците ни овозможува подобро да го разбереме нивниот начин на живот и претставува неопходен предуслов за таргетираното креирање мерки за нивна заштита во иднина.

Споделете:

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

Македонското еколошко друштво (МЕД) е здружение на граѓани, активно во областа на екологијата и заштитата на животната средина.