_MK%20cover.jpg)
Преспанскиот слив, кој го делат Албанија, Грција и Северна Македонија, е еден од највредните прекугранични слатководни екосистеми во Европа. Неговите езера и влажни живеалишта ја поддржуваат ретката биолошка разновидност, земјоделие, рибарство, туризам, но и локалните заедници. Бидејќи езерата припаѓаат на три земји, сè што се случува во еден дел влијае врз целиот слив.
Децении наназад, водите на Преспа биле предмет на бројни научни истражувања. И покрај тоа, сознанијата и понатаму остануваат расцепкани меѓу различни држави и институции, различно детални и достапни, понекогаш застарени и наместа противречни.
Иако меѓу засегнатите страни тече дијалогот за водите на Преспа, предлозите понекогаш се темелат на погрешни претпоставки. Без заеднички докази, невозможно е да се постигне ефикасно прекугранично управување.
Во рамките на проектот ПреспаНЕТ III, трилатерална работна група детално анализира повеќе од 120 научни документи, вклучувајќи државни извештаи, студии на невладини организации, академски публикации и податоци од мониторинг, со фокус на публикации од 21 век. Целта беше да се разбере состојбата на нашите води и што може да донесе иднината.
Сублимираниот извештај од анализраните трудови е достапен за разгледување и симнување на македонски и на англиски.