contact@mes-prespa.org
Истражување

Преспа: Крилјата над езерото

Игор Ефтимовски
Игор Ефтимовски
Автор
Јули 06, 2026
Ажурирано Јул 06, 2026
1 мин читање
Преспа: Крилјата над езерото

Преспанското Езеро е едно од најважните прибежишта за водни птици во Европа. Неговите води и крајбрежни живеалишта обезбедуваат дом за пеликаните, кормораните, потпотниците, чапјите и многу други видови, чиј опстанок е тесно поврзан со здравјето на овој единствен екосистем. Бидејќи Преспа ја делат три држави, нејзиното зачувување е можно само преку заедничка грижа и прекугранична соработка меѓу институциите, научниците, граѓанските организации и локалните заедници.

Нашите пријатели од Europe House Bitola неодамна ни се придружија на мониторингот на водните птици во Преспанското Езеро, кој го спроведуваме заедно со Националниот парк „Галичица“ и Паркот на природата „Езерани“ (Општина Ресен). Резултатот е оваа прекрасна видео-репортажа, во која, покрај впечатливите кадри од езерото и неговите птици, нашите Данка Узунова и Методија Велевски објаснуваат зошто Преспа има непроценливо значење за зачувувањето на биодиверзитетот не само на регионот, туку и на Европа.

Погледнете ја репортажата и откријте зошто Преспанското Езеро е место што вреди да го чуваме - за птиците, за природата и за идните генерации!

Оваа активност беше реализирана во рамки на проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа - Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, финансиран од Европската Унија (ЕУ) во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“ и кофинансиран преку Фондот за природа „Преспа - Охрид“ (ПОНТ). Партнери во имплементацијата на проектот се Македонско еколошко друштво, Општина Ресен, Националниот парк „Галичица“, Друштвото за заштита на Преспа (SPP) од Република Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (PPNEA) од Република Албанија. Имплементацијата на проектните активности е поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Националниот парк „Пелистер“.