contact@mes-prespa.org
Едукација

Стипендии за универзитетски студии по екологија, биологија, шумарски и земјоделски науки

Македонското еколошко друштво доделува стипендии до 400 евра месечно за универзитетски студии по еколошки, биолошки, шумарски и земјоделски науки.

Програмата е наменета за средношколците од Преспа и има за цел да го надмине локалниот недостиг од кадар во природните науки поврзани со заштитата на природата и животната средина. На тој начин, идните студенти ќе можат да стекнат знаење и вештини што ќе им овозможат активно да придонесат кон зајакнување на локалните капацитети за заштита на природата во Преспанскиот регион.

Покрај финансиската поддршка што ќе ја добијат избраните студенти, Македонското еколошко друштво исто така ќе ги вклучи во својата менторска програма преку која ќе стекнат практично и теренско искуство во истражувањето и заштитата на видовите и живеалиштата во Преспа.

Повеќе информации за програмата за стипендирање, начинот на учество и критериумите за селекција, заинтересираните средношколци и нивните родители можат да добијат во локалната канцеларија на Македонското еколошко друштво во Ресен, или преку електронска пошта на следните адреси: zaec@mes.org.mk и eftimovski@mes.org.mk. Заинтересираните кандидати за стипендија треба да го изразат својот интерес преку пополнување на приложениот образец (достапен ТУКА) и да го испратат на погоре посочените електронски адреси, или да го достават во канцеларијата на Македонското еколошко друштво во Ресен.

Оваа програма за стипендирање се реализира во рамки на проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа - Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, финансиран од Европската Унија (ЕУ) во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“ и кофинансиран преку Фондот за природа „Преспа - Охрид“ (ПОНТ). 

Партнери во имплементацијата на проектот се Македонско еколошко друштво, Општина Ресен, Националниот парк „Галичица“, Друштвото за заштита на Преспа (SPP) од Република Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (PPNEA) од Република Албанија. Имплементацијата на проектните активности е поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Националниот парк „Пелистер“.

 

Share this page

Еколошка едукација

View all
Повик за аплицирање: Прекугранична летна школа во Преспа [2026]

Повик за аплицирање: Прекугранична летна школа во Преспа [2026]

Стипендии за универзитетски студии по екологија, биологија, шумарски и земјоделски науки

Стипендии за универзитетски студии по екологија, биологија, шумарски и земјоделски науки

Македонското еколошко друштво доделува стипендии до 400 евра месечно за универзитетски студии по еколошки, биолошки, шумарски и земјоделски науки.

Влажни живеалишта и традиционално знаење – славење на културното наследство

Влажни живеалишта и традиционално знаење – славење на културното наследство

Надоградувајќи ја нашата долгорочна соработка со Општинското основно училиште „Мите Богоевски“ во Ресен, одржавме интердисциплинарна едукативна работилница по повод Меѓународниот …

Потпишан Меморандум за соработка со ООУ „Мите Богоевски“ - Ресен

Потпишан Меморандум за соработка со ООУ „Мите Богоевски“ - Ресен

Денес беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Македонското еколошко друштво и Општинското основно училиште „Мите Богоевски“ од Ресен, во присуство …

Документарен филм „Едно езеро, три држави, ист проблем: има ли уште време за Преспа?“

Документарен филм „Едно езеро, три држави, ист проблем: има ли уште време за Преспа?“

Македонскиот информативен портал Рацин.мк сними краток документарен филм за состојбата со заштитата на природата и животната средина во прекуграничниот Преспански …

Заедничка едукативна работилница со НП Галичица во Долно Лакочереј

Заедничка едукативна работилница со НП Галичица во Долно Лакочереј

На 19 ноември реализиравме уште една едукативна работилница, овој пат во соработка со нашите партнери од Националниот парк „Галичица“, спроведена …