contact@mes-prespa.org

Преспанските води пред пресвртница: Наша вода, наша иднина

Преспанскиот слив, кој го делат Албанија, Грција и Северна Македонија, е еден од највредните прекугранични слатководни екосистеми во Европа. Неговите езера и влажни живеалишта ја поддржуваат ретката биолошка разновидност, земјоделие, рибарство, туризам, но и локалните заедници. Бидејќи езерата припаѓаат на три земји, сè што се случува во еден дел влијае врз целиот слив.

Децении наназад, водите на Преспа биле предмет на бројни научни истражувања. И покрај тоа, сознанијата и понатаму остануваат расцепкани меѓу различни држави и институции, различно детални и достапни, понекогаш застарени и наместа противречни.

Иако меѓу засегнатите страни тече дијалогот за водите на Преспа, предлозите понекогаш се темелат на погрешни претпоставки. Без заеднички докази, невозможно е да се постигне ефикасно прекугранично управување. 

Во рамките на проектот ПреспаНЕТ III, трилатерална работна група детално анализира повеќе од 120 научни документи, вклучувајќи државни извештаи, студии на невладини организации, академски публикации и податоци од мониторинг, со фокус на публикации од 21 век. Целта беше да се разбере состојбата на нашите води и што може да донесе иднината.

Сублимираниот извештај од анализраните трудови е достапен за разгледување и симнување на македонски и на англиски.

Share this page

Истражување

View all
Во полн ек се теренските истражувања на дивиот свет во Преспа

Во полн ек се теренските истражувања на дивиот свет во Преспа

Преспанскиот Регион претставува вистинска лабораторија на отворено, што јасно го потврдуваат и тековните теренски истражувања на биолошката разновидност кои Македонското …

Граѓанска наука во служба на природата: Мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните!

Граѓанска наука во служба на природата: Мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните!

Пеликаните се едни од најрепрезентативните птици на нашите езера и симболи на нашето природно наследство – особено во регонот на …

Од Преспа до Њујорк Тајмс: Желките од Голем Град продолжуваат да го привлекуваат вниманието на светската јавност!

Од Преспа до Њујорк Тајмс: Желките од Голем Град продолжуваат да го привлекуваат вниманието на светската јавност!

Необичното однесување и отворените прашања поврзани со потеклото и иднината на желките од островот Голем Град во Преспанското Езеро, беа …

Заврши зимскиот цензус на водните птици во земјава: Дојранско Езеро со стабилни бројки, а на Преспанско и Охридско бележиме флуктуации

Заврши зимскиот цензус на водните птици во земјава: Дојранско Езеро со стабилни бројки, а на Преспанско и Охридско бележиме флуктуации

Утврдена најголемата хибернациска колонија на лилјаци од видот мал потковичар во Преспа

Утврдена најголемата хибернациска колонија на лилјаци од видот мал потковичар во Преспа

Ладното време не ги спречува нашите посветени „теренци“ во нивните активности за мониторинг на биодиверзитетот во Преспа. Па така, во …

Како се користат вештачките ѓубрива во Преспа?

Како се користат вештачките ѓубрива во Преспа?

Денес започнавме со спроведување на теренска анкета меѓу жителите на Преспа, со цел да добиеме појасна слика за тоа како …