contact@mes-prespa.org
Едукација

Друштвена игра „Преспа“

Во друштвената игра „Преспа“, учесниците ја преземаат улогата на млади еколози и се соочуваат со предизвици поврзани со заштитата на различни животински и растителни видови и нивните живеалишта во прекуграничниот Преспански Регион. Притоа, треба внимателно да управуваат со ресурсите што им се на располагање за успешно да ги остварат своите цели. 

Во играта учествуваат четири играчи - тројца натпреварувачи и еден „банкар“. Секој натпреварувач добива мисија во која треба да заштити пет растенија, животни или живеалишта. За да ја исполни својата мисија, користи „парички“ и „води“ како ограничени ресурси, настојувајќи да постигне рамнотежа меѓу нивната достапност и потребите за заштита. 

Играта е првенствено наменета за деца на возраст од 10 до 14 години, со цел на интерактивен и забавен начин да ги запознае со предизвиците на заштитата на природата и значењето на одржливото управување со природните ресурси.

Share this page