Прекугранична летна школа во Преспа 2025 – за студенти и млади професионалци

 

Влажните живеалишта во фокус – применета заштита во споделени екосистеми

 

Учиме да заштитуваме заеднички
Откриј. Научи. Дејствувај. Во Преспа.

 

28 јули – 01 август 2025 | Лемос, Преспа, Грција

 

ПреспаНет со задоволство ги поканува студентите од универзитети од Грција, Северна Македонија и Албанија да учествуваат во прекуграничната летна школа што ќе се одржи во прекуграничниот Преспански регион, на грчката страна од Националниот парк Преспа – подрачје со исклучителна еколошка вредност и меѓународно значење.

 

Овој еднонеделен настан ќе комбинира теренска работа со едукативни сесии од наши експерти, нудејќи им на учесниците можност да го истражат и разберат еден од најуникатните споделени екосистеми во Европа. Активностите главно ќе се одвиваат во грчкиот дел на Преспа, со дополнителна теренска посета во Албанија, поттикнувајќи практично учење и меѓукултурна размена.

 

Информации за апликантите

Кога: 28 јули – 01 август 2025

Каде: Лемос, Преспа, Грција
Трошоци за учество: Без котизација – сместувањето и оброците се целосно покриени
Јазик: Англиски
Краен рок за пријавување: 30 јуни 2025

Повеќе информации за летната школа и формуларот за пријавување се достапни на следниот ЛИНК.

 

Овогодинешната летна школа е организирана од Друштвото за заштита на Преспа од Грција (SPP), во соработка со партнерските организации во рамките на ПреспаНет – Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (PPNEA) и Македонското еколошко друштво (МЕД), преку проектот „Проект ПреспаНет III – зачувување на биолошката разновидност на прекугранична Преспа“, финансиран од Фондацијата Aage V. Jensen Charity, со поддршка од EuroNatur и Prespa Ohrid Nature Trust.

Споделете:

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

Македонското еколошко друштво (МЕД) е здружение на граѓани, активно во областа на екологијата и заштитата на животната средина.