Светски ден за заштита на природата и Прекугранична летна школа во Преспа 2025

На 28 јули го одбележавме Светскиот ден за заштита на природата (World Nature Conservation Day), кој нè потсетува на нашата заедничка одговорност да го чуваме и заштитувано природното наследство на Земјата – а нема подобар начин да се прослави овој ден од учење во природа, за природата. Токму на овој датум започна и нашата Прекугранична летна школа за млади еколози во Преспа.

 

Во текот на пет дена, учесниците – студенти, млади истражувачи и љубители на природата од Грција, Северна Македонија и Албанија – ќе ја истражуваат уникатната биолошка разновидност и предизвиците за нејзина заштита во овој прекуграничен регион, со посебен фокус на еден од највредните и најзагрозени екосистеми во Преспа – влажните живеалишта.

 

Преку теренска работа, дискусии со експерти и директно соочување со природата, ја обучуваме новата генерација чувари на Преспа – водени од споделеното знаење и соработка на прекуграничната мрежа ПреспаНет.

 

 

 

 

 

 

Споделете:

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

Македонското еколошко друштво (МЕД) е здружение на граѓани, активно во областа на екологијата и заштитата на животната средина.