Тимот на Македонско еколошко друштво имаше своја штандовска презентација на традиционалната манифестација Преспански јаболкобер, која на 27 септември 2025 се одржа во Ресен.
Заинтересираните граѓани имаа можност да се запознаат со нашите долгогодишни активности за заштита на биодиверзитетот и природното наследство на Преспа, како и со можностите за вклучување во нив – бидејќи грижата за нашата Преспа е заедничка!


