Презентација и тркалезна маса на тема „Влажните ливади во Преспа: Значење, заштита и управување“

На 19 јуни 2025 година, во Ресен организиравме презентација и тркалезна маса на тема „Влажните ливади во Преспа: Значење, заштита и управување“.

 

Настанот почна со поздравен говор на извршната директорка на Македонско еколошко друштво, м-р Робертина Брајаноска, и Ајман Ал Малла, раководител на Секторот за животна средина во Општина Ресен.

 

Потоа следуваше кратка презентација на нашиот Лазар Николов, кој ги претстави активностите за одржливо управување со влажните ливади во Преспа што МЕД ги спроведува во соработка со Општина Ресен и Паркот на природата „Езерани“. Презентацијата послужи како пригоден вовед за отворена дискусија во која учество зедоа претставници на МЕД, Општина Ресен, Паркот на природата „Езерани“, Националниот парк „Галичица“, Националниот парк „Пелистер“, УНДП, ТППЕ Ресен, локални невладини организации, сточари, земјоделци и друти засегнaти страни.

 

Настанот послужи како одлична можност за претставување на досегашните постигнувања во успешното управување со влажните ливади во Преспа, при што беа изложени предлози и идеи за натамошен развој и проширување на оваа активност, за примената на нејзиниот модел во управувањето со други живеалишта во регионот, но и воопшто за промоција на одржливи еколошките практики во Преспанскиот регион.

 

Активноста се реализираат во рамки на проектот „Проект ПреспаНЕТ III – зачувување на биолошката разновидност на прекугранична Преспа“, поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT), Фондацијата Aage V. Jensen и EuroNatur.

Споделете:

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

Македонското еколошко друштво (МЕД) е здружение на граѓани, активно во областа на екологијата и заштитата на животната средина.