contact@mes-prespa.org
Настани

„Мојот дел од природата 2026“ - ПРОГРАМА

Игор Ефтимовски
Игор Ефтимовски
Автор
август 21, 2026
Ажурирано Авг 21, 2026
2 мин читање
„Мојот дел од природата 2026“ - ПРОГРАМА
Резиме на статијата

Очекувајте вечер исполнета со разговори, дружење, локални вкусови, игра и музика – но пред сè, можност заедно да размислиме за тоа како да го зачуваме природното богатство на Преспа и да создадеме иднина во која и луѓето и природата ќе напредуваат.

На 26 август, во пресрет на Светскиот ден на езерата, ве покануваме на градскиот плоштад во Ресен заедно да ја прославиме Преспа на јавната манифестација „Мојот дел од природата“.

🕕 ПРОГРАМА

18:00 | Отворање на настанот

- Воведно обраќање на Јован Тозиевски, градоначалник на Општина Ресен

- Воведно обраќање на Робертина Брајаноска, извршна директорка на Македонското еколошко друштво

18:15 | Потпишување на Декларација за основање на Прекугранична работна група за шуми

18:30 | Панел-дискусија
„Зачувување и одржливо управување со природното наследство на Преспа“

Во разговорот ќе учествуваат:

• Ајман Ал Малла, раководител на Секторот за животна средина при Општина Ресен
• Андон Бојаџи, раководител на Одделението за заштита на природата при ЈУ Национален парк „Галичица“
• Драган Арсовски, раководител на Програмата за знаење и наука при Македонското еколошко друштво
• Маријана Милевска, проектна менаџерка во Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) за проектот „ЕУ за Преспа“

А покрај разговорите – Преспа ќе ја доживееме и преку она што го создаваат луѓето кои живеат тука.

🍎 Штандовска презентација на локални производи

🎲 Натпревар во друштвената игра „Преспа“

🎶 20:30 | Музичка вечер

Вечерта ја започнуваме со автентична староградска музика со групата „Персиди“, а потоа продолжуваме со добро познатиот локален рок бенд „Пуш Пауза“.

Дојдете да се сретнеме, да разговараме, да се забавуваме и заедно да ја прославиме природата што нè опкружува.

Затоа што Преспа е наша – и секој од нас има свој дел од природата. 💙

Настанот се организира во рамки на проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа – Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“ и кофинансиран преку Фондот за природа „Преспа – Охрид“ (ПОНТ). Партнери во имплементацијата на проектот се Македонско еколошко друштво, Општина Ресен, Националниот парк „Галичица“, Друштвото за заштита на Преспа (SPP) од Република Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (PPNEA) од Република Албанија. Имплементацијата на проектните активности е поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Националниот парк „Пелистер“.