contact@mes-prespa.org
Настани

„Мојот дел од природата“ на 26 август во Ресен!

Игор Ефтимовски
Игор Ефтимовски
Автор
август 12, 2026
Ажурирано Авг 17, 2026
1 мин читање
„Мојот дел од природата“ на 26 август во Ресен!
Резиме на статијата

Во пресрет на Светскиот ден на езерата, ве покануваме заедно да ја прославиме природата на Преспа!

На 26 август, со почеток во 18:00 часот, на градскиот плоштад во Ресен нѐ очекува јавната манифестација „Мојот дел од природата“, која ја организираме во соработка со Општина Ресен и Националниот парк „Галичица“.

Заедно ќе разговараме за состојбата и предизвиците во заштитата на природата, биолошката разновидност и животната средина во Преспа, ќе проследиме забавни едукативни активности, ќе ги запознаеме локалните производи и богатства што ги нуди природата, а вечерта ќе ја заокружиме со автентична ресенска музичка програма.

Но, дел од активностите започнуваат и порано!

Со цел нашата научно-истражувачка работа на дивиот свет во Преспа да ја доближиме до граѓаните, организираме и две теренски посети со граѓанско учество:

🐦 Набљудување на птици
📅 25 август 2026 (вторник) | 🕔 17:00 часот

🐢 Мониторинг на желки
📅 26 август 2026 (среда) | 🕗 08:00 часот

Пријавете го вашето учество во теренските посети на следниот линк, најдоцна до 19 август: https://forms.gle/EzzvwMdmduemPfQt7

Сите заедно, потоа се гледаме на 26 август на плоштадот во Ресен! Придружете ни се!

Настанот се организира во рамки на проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа - Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, финансиран од Европската Унија (ЕУ) во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“ и кофинансиран преку Фондот за природа „Преспа - Охрид“ (ПОНТ). Партнери во имплементацијата на проектот се Македонско еколошко друштво, Општина Ресен, Националниот парк „Галичица“, Друштвото за заштита на Преспа (SPP) од Република Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (PPNEA) од Република Албанија. Имплементацијата на проектните активности е поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Националниот парк „Пелистер“.