contact@mes-prespa.org
Повици

Повик за прибирање на понуди за експертска поддршка за испитување на бројноста на охридскиот чај (Sideritis raeseri) на планината Галичица

Игор Ефтимовски
Игор Ефтимовски
Автор
Јуни 09, 2026
Ажурирано Јун 09, 2026
1 мин читање
Повик за прибирање на понуди за експертска поддршка за испитување на бројноста на охридскиот чај (Sideritis raeseri) на планината Галичица

Договорниот орган Македонско еколошко друштво (МЕД), преку проектот: „Иницијатива за зелена и сина Преспа: Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, проект за надворешни активности на Европската Унија, спроведуван од Македонско еколошко друштво во соработка со Општина Ресен и НП Галичица, објавува Повик за прибирање на понуди за експертска поддршка за испитување на бројноста на охридскиот чај (Sideritis raeseri) на планината Галичица и прилагодување на мониторинг методологиите за иден независен мониторинг.

Главната цел на оваа задача е да се обезбеди стручна и експертска поддршка во остварување на Програмата за долгорочен мониторинг на биолошката разновидност во националниот парк Галичица, поточно во мониторингот на охридскиот чај (Sideritis raeseri), но возможно е во снимките да бидат опфатени и други растенија што растат на исти живеалишта и нивната состојба и мониторинг да произлезе при обработката на податоците како колатерална придобивка.

Право да достави понуда има секое заинтересирано лице кое ги исполнува следните критериуми:
− Завршено високо образование од релевантната област за сениор и јуниор експерт
− Професионално работно искуство во мониторинг на охридскиот чај (најмалку 10 години за сениор експерт и соодветно искуство за јуниор експерт)
− Докажана способност за спроведување истражувања, подготовка на анализи и обработка на податоци.

Краен рок за поднесување на понудите е 08.07.2026 година, најдоцна до 16:00 часот.

Понудите и евентуалните прашања поврзани со повикот се поднесуваат по електронски пат на следните адреси: arsovski@mes.org.mk и gjurgjevikj@mes.org.mk.

Целосниот Повик за прибирање на понуди за експертска поддршка е достапен за симнување ТУКА.