Ги обновуваме евловите шуми во Преспа

1300 нови садници од евла за обнова на шумите во Преспа.

Продолжуваме да ги обновуваме шумите во Преспа и оваа година повторно засадивме нови садници од евли (Alnus glutinosa) заедно со претставници на Општината Ресен, ренџерите на заштитеното подрачје „Езерани“, ЈП Национални шуми и расадникот „Преспа Дрво“ од Асамати. Садниците од евла се успешен проект на наша соработка со расадникот во Асамати, благодарение на која лани посадивме 1500 едногодишни садници а годинава 1300. Производството на евлови садници и обнова на шумски живеалишта со овој автохтон вид, е пионерска активност на национално ниво, но и во поширокиот преспански регион на прекугранично ниво. Садењето на евли е дел од процесот на реставрирање на влажни живеалишта и е решение кое е целосно базирано на природа.

Овие активности се дел од нашиот проект „Зачувување на биолошката разновидност во прекугранична Преспа“ поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, и @Jensen а наскоро ќе се повторат и во грчкиот и албанскиот дел на Преспа. Евловите шуми, кои се уништени во голема мера, претставувале хабитат за многу значајни диви видови и ја поддржувале функционалноста на екосистемот. Нивното обновување на сите три страни значи и обнова на еколошките коридори кои ги користат дивите видови на Преспа