Влажните ливади претставуваат тревести живеалишта кои повремено (сезонски) се поплавени со вода. За разлика од нив, блатата или мочуриштата се постојано поплавени со вода. Во рамки на нашите активности беа идентификувани влажните ливади долж целото преспанско крајбрежје. Влажните ливади во Преспа се значајни за зачувување заради нивната улога во одржување на квалитетот на водите во Езерото, заради одржување на биолошката разновидност во регионот, социо-економското значење за локалното население (особено развој и одржување на сточарството), како и клутуролошките вредности.
Идентификувани закани за загуба на овој тип на живеалишта се: