Еутрофикација претставува зголемувањето на количеството на хранливи материи во езерото. Хранливите материи се вливаат природно преку наноси донесени од копното, како и со распаѓање на мртва материја. Разградувањето на хранливите материи го троши кислородот во водата, па така при нивно дополнително вештачко додавање (ѓубрива, отпад, пестициди, итн.) може да се појават аноксични (безкислородни) услови во делови од езерото, кои пак предизвикуваат масовен помор на рибите и останатите организми зависни од кислород. Севкупно земено, овој процес драстично го забрзува стареењето на езерото, односно неговото оплитнување со таложење на додадените материи.
- Гоце Делчев, Ресен
- contact@mes.org.mk